|
Крајот на сезоната е „зад аголот“, па статистиките во многу конкуренции излегуваат на површина. Според статистиката на „Спорт 1“, Михаел Шумахер е најдобриот стартувач оваа сезона,…

остварувајќи 42 претекнувања во кругот број еден.
Седумкратниот светски шампион уште на стартот ги надокнадува изгубените позиции од квалификациите, за кои може да се каже дека не му одат баш најдобро. Германецот во оваа конкуренција е убедливо прв, со десет претекнувања повеќе од второпласираниот Нико Розберг.
„Шумахер е се подобар и подобар, но никој не го забележува тоа бидејќи нема конкурентен болид. Се надевам дека наредната сезона ќе има многу покомпетитивен болид со кој повторно ќе го видиме во препознатливото светло,“ - изјави Ники Лауда.
Но исто така, треба да се напомене дека возачите на врвот на стартниот поредок имаат многу помалку можности за претекнувања. Како пример може да се земе Себастијан Фетел, кој на стартот (кругот број еден) остварил само две претекнувања оваа сезона, бидејќи од седумнаесет трки, дури на тринаесет стартувал како пол позиционер.
Иако формата на Шумахер на трка е далеку подобра во однос на квалификациите, Нико Розберг тврди дека тој и понатаму е подобриот возач во тимот.
„Доколку видите кој каде се наоѓа во поредокот, ќе видите дека јас сум првиот возач во Mercedes,“ - самоуверено истакна Розберг за време на викендот во Индија. „Можеби Шумахер е поблиску во трка, но не е подобар од мене.“
Според инжинерот Виладелпрат, притисокот кај Mercedes за постигнување на успеси е далеку поголем отколку кај Ferrari, бидејќи за огромна компанија како германскиот гигант во производство на автомобили, незамисливо е и по две сезони да се наоѓа во редот на „второлигашите“.
Превземено од: pitstop.com.mk!
|