|
Још Верстапен, поранешниот тимски колега на Шумахер од времето кога Германецот возеше во Benetton, го обвини Германецот дека користел електронски помагала при освојувањето на првата...

шампионска титула во 1994 година.
Холанѓанецот кој беше тимски партнер на Германецот во сезоната кога ја освои шампионската титула, тврди дека електронските помагала и системи кои биле скриени во болидот на Шумахер всушност му помогнале да стигне до првото крунисување.
„Јас знам точно што се случи таа сезона. Мојот болид беше далеку побавен од неговиот, без разлика колку јас да бев агресивен и да го давав максимумот од себе,“ - откри Верстапен. „Јас знам дека неговиот болид користеше скриени помагала кои го правеа толку брз. Еднаш го запрашав Бријаторе токму за тоа, а тој ми одговори дека нема потреба да се разговара на таа тема.“
„Не дека барам оправдувања, но јас знам дека бев и сум побрз од него. Колку да знаете, тој никогаш не ме победи возејќи картинг.“
За нелегалноста на болидот на Benetton од тоа време сомнеж изрази и Аиртон Сена на трката во Имола, на која што подоцна загина. Според Бразилецот, Benetton користеле електронски систем кој ја подобрувал тракцијата на болидот, а кој што бил забранет.
Нелегалноста на болидот подоцна беше и откриена при контрола на FIA во фабриката на тимот, каде што било откриено дека во болидот бил вграден вентил кој што „пумпал“ 12,5 % повеќе гориво во моторот отколку нормалното количество.
Превземено од: pitstop.com.mk!
|