Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Шумахер не му замерува на Петров
19.10.2011

Добар „плен“ на поени би собрал Михаел Шумахер на ГН на Кореа доколку Витали Петров не се забиеше во неговиот заден ден, по што Германецот мораше да се откаже. Седумкратниот светски шампион...

scumi-petrov-1-2011-1

сепак не му замери на својот руски колега, додавајќи дека во мотоспортот ваквите настани се честа појава.

Петнаесетиот круг беше кобен за најуспешниот Ф1 возач, откако Петров кој беше во дуел со Алонсо, немајќи каде да оди поради „метежот“ по правецот, се заби во задниот дел во болидот на Шумахер, Тоа значеше дефинитивно откажување на возачот на Mercedes, но Петров продолжи до својата гаража, со надеж дека механичарите ќе можат нешто да спасат. Русинот не успеа да остане во трката, а веднаш по завршувањето, Германецот не му замери на Петров за инцидентот.

„Ова е мотоспорт и нормалено е да се случат вакви ненамерни инциденти,“ - мирно изјави Шумахер. „Одеднаш се свртев 180 степени, а крило од Lotus Renault пролета покрај мене. Немав преглед на ситуацијата зад мене, бидејќи фокусиран бев на Серхио Перез кој беше пред мене.“

„Јас и Петров имавме неколку добри дуели оваа сезона, дури и инциденти. Можеби тоа е така поради позициите на нашите тимови. Признавам дека за првите два инцидента вината беше на моја страна, но денес тоа не беше така.“

Петров по трката му се извини на Шумахер, додавајќи дека немал контрола над ситуацијата обидувајќи се да го претекне Алонсо со подоцнежно сопирање.

„Да бидам искрен, се обидував да го претекнам Алонсо, но бев на валканата страна од патеката и не можев на време да сопрам и се удрив во задниот дел на Шумахер,“ - објасни Петров. „Му се извинувам на Михаел, ова беше моја грешка, но тоа е што е.“

„Сакав да ја добијам позицијата на Алонсо, кој најверојатно имаше лош пит стоп, а потоа влезе прешироко во свиокот. Но валканата страна од патеката беше многу незгодна и завршив како што завршив.“ - додаде Русинот за крај.

Превземено од: pitstop.com.mk!

 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook