|
Михаел Шумахер признава дека сезоната 2011 не се одвива според планираното за тимот на Mercedes, бидејќи тие имаа ветувачки перформанси на зимските тестирања. Mercedes GP,...

кој го откупи Brawn GP на крајот од сезоната 2009, очекуваа ветувачки старт на сезоната поради добрите резултати на зимските тестирања, но по 7 завршени трки, тимот на Mercedes сеуште нема забележано искачување на подиумот.
„Очигледно е дека сезоната започна многу полошо од планираното.“ - изјави Шумахер за Autosprint.
Шумахер верува дека недостатокот од перформанс се должи на истовременото насочување кон „работите во прогрес“ на болидот.
„Имаме неколку делови кои ги развиваме. Додека ние се обидуваме да ги решиме проблемите, развојот на болидот е стопиран.“
Запрашан дали тој и неговиот тим се спремни да повлечат линија, и да се фокусираат на болидот за наредната сезона, седумкратниот Светски шампион одговори: „Позитивната работа е што ние можеме да го пренесеме искуството и за развојот на болидот за наредната сезона.“
„Нашата цел е да изградиме тим. Тоа е нашиот фокус во моментов, и ние немаме отстапки или граница од тоа.“ - заврши Шумахер.
Превземено од: pitstop.com.mk!
|