|
25.02.2008 |
Не станува збор за дезинформација, ниту пак за најава за
враќање на голема врата на неприкосновениот светски шампион. Се работи за
тестирање на Ф1 болидот на Ferrari за 2008.
Тестирањето ќе се случи во Шпанија на патеката во Барцелона
со два болиди F2008 со спецификација за трката во Мелбурн во кои ќе седат
актуелниот светски шампион Кими Раиконен и секако Михаел Шумахер.
Ова е првпат двајцата возачи да се натпреваруваат со ист
болид на иста патека и нормално се очекува настанот да привлече големо внимание
кај сите светски медиуми и љубители на Формула 1, но и светот на мотоспортот
воопшто.
По завршувањето на својот дел од тестирањето Шумахер ќе
му го предаде болидот на Фелипе Маса кој ќе продолжи со фино поддесување на
сетапот за првата трка од сезоната.
Шумахер веќе работеше на F2008
вршејќи опсежни тестирања и на патеката во Херез и на патеката во
Барцелона.
|