|
07.06.2007 |
Формула 1 е на прагот на драматични измени по договорот
потпишан со две британски фирми за развој на менувач кој создава енергија при
сопирање. Системот ќе се воведе во 2009 година.
Целта е да се намали емисијата на гасови кои го
предизвикуваат ефектот на стаклена градина со враќање на енергијата која се
расфрла при сопирање и е дел од планот на Мозли да ја направи Ф1 поевтина,
референтна за автомобилската индустрија и пријателски настроена кон животната
средина.
Дизјанот на менувачот им е доделен на два специјалисти за
трансмисија Torotrak и Xtrak кои заедно ќе го развиваат (KERS) Kinetic
Energy Recovery System или систем за враќање на кинетичката енергија.
KERS всушност е ефикасен CVT менувач
врзан за посебен замавник кој почнува да се врти и да акумулира енергија кога
автомобилот сопира. Акумулираната енергија потоа се користи за да се подобри
забрзувањето при излегување од свијок или при престигнување.
Ова е само една од најавените измени најавени за 2009
година. Колку за потсетување останатите измени предвидуваат смалување на
моторите на 2,2 литарски V6 со турбо со ограничување на бројот на вртежи на 10.000
врт/мин.
Тажно, се чини дека луѓето одговорни за Формула 1
забораваат што ги прави трките да бидат толку интересни.
|