Раиконен стартуваше од првиот ред на трката за
Големата награда на Малезија, му го обели образот на Ferrari, а со тоа ја стартуваше годинешната трка за возачката и конструкторската титула.
Иако актуелниот светски шампион не успеа да ја заврши
минатата трка и лошо ја започна сезоната во Малезија докажа дека не залудно ја
носи титулата.
Раиконен стигна до својата 16. гранпри победа откако ја
превзеде водечката позиција од својот тимски другар Фелипе Маса во првата рунда
на застанувања во бокс. Бразилецот иако на квалификациите ја освои
полпозицијата не успеа да се задржи на врвот.
Подоцна, поточно во 31. круг трката за него заврши кога
се изврте во свијокот број осум и заврши во зоната за излетување полна чакал.
Неговиот болид остана заглавен и Бразилецот неможеше да продолжи.
Се чини дека Раиконен на оваа трка и немаше премногу
работа. Со вкалкулирано возење успеа да избие на врвот и да ја заврши
започнатата работа крунисан со уште еден победнички пехар. Овие забелешки Кими
ги потврди на крајот од трката изјавувајќи:
„За мене ова беше прилично лесна трка гледајќи од првото
застанување во питстоп до крај. По проблематичниот тркачки викенд во Австралија
не бевме сигурни дали истото може да ни се повтори и тука во Малезија. Но, се
функционираше како што треба. Ова дефинитивно е добар почеток за нас и во
моментов се наоѓаме на многу добра позиција.”
Второто место го освои Роберт Кубица и ова е неговиот
најголем успех во кариерата во Формула 1, додека последното скалило од пиедесталот
го пополни Хеики Ковалаинен.
Неговиот тимски другар, победникот од Австралија и во
моментов лидер во генерален пласман Луис Хамилтон трката ја заврши на петата
позиција зад Јарно Трули - Toyota. Овој резултат дојде по казната што ја заработија тој и
Ковалаинен од пет места за попречување на останатите во квалификациите и
стартуваше од деветата стартна позиција.
Хамилтон и покрај тоа што стартуваше далеку назад веќе на
крајот од првиот круг беше петти, но никако неможеше да го престигне искусниот
Марк Вебер. Подоцна проблемите во бокс кога техничарите неуспеаја лесно да го
ослободат предното десно тркало го чинеа дополнителни 20 секунди со што
пропаднаа шанасите на Хамилтон за некоја подобра позиција на крајот од трката.
„Возев долго зад Вебер, а да бидеш позади некого е
екстремно тешко, бидејќи не е битно колку си побрз престигнувањето е скоро
невозможно,” изјави Хамилтон на крјот од трката и додаде: „И кога
конечно имавме добра прилика за евентуално трето место, тогаш се случи
пробглемот со пневматскиот пиштол во бокс.”
Останатите три позиции за кои се доделуваат бодови ги
пополнија Ник Хајдфелд, Марк Вебер и Фернандо Алонсо. И покрај лошиот резултат
Хамилтон останува на врвот во генерален пласман со 14 бода. Зад него се
Раиконен и Хајдфелд со по 11 бода. Единствениот од водечките возачи кој на
првите две трки од сезоната не успеал да освои ниту еден бод е Фелипе Маса.
Следната трка е Големата награда на Бахреин која се вози
на 6. април.
ГП Малезија резултати
Шампионат возачи
Шампионат конструктори
|