Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Стотка за Маса во „црвено“ на Интерлагос
25.11.2011

Не само што за осми пат ќе настапи пред своите фанови, туку неделната трка на Интерлагос ќе биде неговата стота во болидот на Ferrari. Но не е се така „розево“ бидејќи во недела Бразилецот го очекува...

massa-brazil-06-1-2011-1

и по еден по малку лош јубилеј, а тоа е три години од неговата последна победа, која воедно веруваме дека беше и најгорчливата во неговата кариера.

Пред пет години започнува неговата ера во црвениот болид, победувајќи уште првата сезона во Турција и во Бразил. Домашниот миленик овој викенд на два пати славеше во Интерлагос, во 2006 и 2008, а токму последната негова победа беше и најпировата, бидејќи Хамилтон во последниот свиок успеа да стигне до титулата која што на неколку секунди беше во рацете на Фелипе Маса.

„Ова ќе биде многу емотивен викенд за мене, бидејќи ова ќе биде мој десет годишен јубилеј настапувајќи во Ф1,“ - истакна Маса. „Сепак јас сум сеуште млад и имам уште многу да и понудам на Ф1. Во Бразил исто така ќе прославам и шест години настапувајќи за Ferrari, каде што ќе стигнам до бројката сто настапи.“

„Поради тоа, мојата домашна трка е толку специјална за мене овој наврат. Најмногу од се што посакувам е да стигнам до добар резултат овој викенд.“

Минатата сезона Маса си даде оцекна од „пет и пол“ од можни десет, најавувајќи подобра следна сезона, но оваа година, сеуште не стигна до подиум, а Ferrari забележа само една победа.

„Оваа сезона не се одвиваше онака како што посакувавме, но се спротиставивме на проблемите со фајтерски дух. Токму така ќе продолжиме, во пресрет на новата сезона. Нашата цел е да започнеме победнички уште од самиот старт и да одиме на победа на секоја трка. Можеби немав добра сезона, исто така и тимот, но ја делиме желбата да се вратиме повторно во игра за шампионските титули.“ - заврши Маса.

Превземено од: pitstop.com.mk!

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook