Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Тимовите сложни за 1.6 V6 мотори во 2014!
23.06.2011

Тимовите и добавувачите на мотори на денешниот состанок беа одлучни во одлуката да се отфрлат 1.6 моторите со четири цилиндри, и наместо тоа да се користи V6 конфигурација во 2014.

renault-v6-1-2011-1

Првично, 1.6 моторите со редно поставување на клиповите требаше да го направат своето деби во сезоната 2013. Иако Ferrari и Mercedes како добавувачи на мотори силно се противеа на ваквата одлука, Renault застана во одбрана на новите, „зелени“ мотори.

На денешниот состанок во Хитроу, тимовите и добавувачите се одлучија за користење на нов мотор, но една година покасно од планираното.

Компромисот се пронајде во V6 мотори со иста работна зафатнина како и планираните четирицилиндрични мотори - предложени на крајот од минатата година. Сега останува уште FIA да ја одобри промената на која се согласија тимовите, и новиот мотор да го вметне во техничките регулативи за сезоната 2014.

Со компромисот се обезбеди опстанок на сите моментални добавувачи на мотори во Ф1, вклучувајќи го и Renault, кој покажа силен интерес за моторот со четири цилиндри.

Превземено од: pitstop.com.mk!

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook