|
26.12.2008 |
Глобалната економска криза го зема својот данок од многу
производители на автомобили, вклучувајќи го тука и гигантот Toyota која првпат
по 71 година ќе впише загуба.
Поради лошата финансиска ситуација Toyota ќе биде
приморана да крати на трошоци. Сепак, без оглед на шпекулациите, една работа во
Toyota останува сигурна, а тоа е проектот Формула 1.
Toyota нема да го
следи примерот на Honda и останува во најбрзиот циркус на светот. „Апсолутно
немаме никакви планови да се повлечеме од Формула 1,” изјави портпаролот Хидеаки
Хома.
И образложи дека поради големата финансиска загуба Toyota ќе воведе
сопствени мерки за штедење во Формула 1, но со тоа нема да биде загрозена
оперативната програма на тимот.
Претседателот на Ф1 тимот на Toyota, Џон Хаует
истакна дека за да можат тимовите во Формула 1 да преживеат следната сезона ќе мора да
добијат повеќе од 50% од комерцијалната заработувачка на кралицата на
мотоспортот.
Барање адресирано до магот на Ф1, Берни Еклстоун, и е поддржано
од сите тимови.
|