Get Adobe Flash player
Уште две години за успех на Toyota во Ф1
09.01.2008
toyota-f1-car-f107.jpgДиректорот на тимот на Toyota, Тадаши Јамашина објави дека му се дадени уште две години за да почне да бележи успеси во името на јапонската марка во Формула 1. Во спротивно...

Тимот на јапонската марка се мачи во големиот циркус веќе половина декада и покрај тоа што има еден од најголемите буџети во Формула 1. Според Јамашина за Toyota да стане силна многу поважно е да се подобри степенот на организација отколку се да се потпира на способностите на еден човек.

„Мојата работа е да ги мобилизирам сите расположиви ресурси за да го постигнам тоа. И за тоа ми се дадени уште две години. Затоа ќе работиме напорно и ќе се бориме жестоко за да се докажеме и себе си и на светот во слдната сезона,” вели Јамашина.

Тажно е што Јарно Трули и Ралф Шумахер освоија само 13 бода во 2007, а најдобро пласираната позиција беше шесто место. Toyota планира да го претстави болидот за 2008 на 10 јануари, а бо кокпитот покрај Трули ќе седи и ново крунисаниот шампион од серијата GP2, Тимо Глок.

„Искуствата од минатата сезона ми го обелоденија фактот дека имаме уште многу работа и треба да продолжиме да притискаме со сите сили за да стигнеме до врвот.”

„Нашата цел на почетокот од сезоната 2007 беше да бидеме предводници на втората група и полека и постепено да ја намалуваме разликата меѓу нас и водечките тимови, но на крај резултатите покажаа дека сме биле премногу оптимисти,” признава Јамашина.

 

 

 

Facebook