|
Марк Вебер успеа да стигне до својата прва победа оваа сезона, славејќи на Интерлагос пред својот тимски колега. На подиумот се искачи и Џенсон Батон, кој со денешните поени успеа да го...

задржи вицешампионското место во генералниот поредок во конкуренција на возачи.
Трката започна со сигурен старт на водечкото трио, а единствено Алонсо успеа да го претекне Хамилтон, кој се најде пред Фелипе Маса, откако Бразилецот успеа да го замени местото со Нико Розберг. Во почетните кругови, Фетел беше оној кој го диктираше темпото, се додека преку тимското радио не му беше јавено дека забележан е проблем со менувачот, поради кој што Германецот ќе треба да ги намали вртежите на моторот во вториот и третиот степен од преносот.
Таквиот проблем на Фетел значеше можност за Марк Вебер, кој успеа да го претекне својот тимски колега во 30 круг. Во продолжение, иако се очекуваше разликата да биде намалена од страна на Алонсо, Германецот на големо изненадување дури успеваше со проблематичен менувач да биде половина секунда побрз од Шпанецот по круг.
Со сличен проблем како оној на Фетел се соочи и Хамилтон, кој за разлика од Германецот, не успеа да ја заврши трката. Во 48 круг, Хамилтон се откажа од битката со Маса и го паркираше болидот по првите два свиока. До крајот на трката, за одвојување е претекнувањето над Алонсо од страна на Батон, кој така успеа да стигне до третата позиција.
Првата победа на Вебер во сезоната му го донесе третото место во поредокот, со што Австралијанецот го „спушти“ Алонсо на четвртата позиција.
Резултати од ГН на Бразил:
Превземено од: pitstop.com.mk!
|