Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Витмарш го пофали инспиративниот Хамилтон
19.10.2011

Второто место на Хамилтон во Кореја ги крена сите на нозе во Вокинг, по серијата лоши настапи на шампионот од 2008. Според тимскиот шеф на Британците, резултатот и перформансот на Хамилтон...

whitmarsh-faca-1-2011-1

на трката за ГН на Кореа бил инспиративен и достоен за голем шампион како него.

Можеби го изгуби дуелот со Фетел, но успеа да го сочува Вебер зад себе повеќе од половина трка. На крајот, Британецот финишираше пред својот колега од спротивниот табор со предност од 1,5 секунди, а Витмарш не штедеше зборови да го пофали својот возач и неговиот извонреден резултат.

„Мислам дека Луис извозе инспиративно,“ - беа првите зборови на Витмарш. „Можеби тој не се радуваше поради тоа бидејќи е перфекционист и секогаш цели на победа, но да се издржат нападите од најбрзиот болид оваа сезона круг по круг, беше нешто што само големи шампиони како него можат да го направат.“

„Второто место ќе биде запишано само како второ место, но тој беше фантастичен и не направи ниту една грешка.“

Во продолжение, тимскиот шеф на McLaren го објасни проблемот поради кој Хамилтон не успеа да му пружи поголем отпор на Фетел, иако на квалификациите успеа да постави време за две десетинки подобро од она на двократниот светски шампион.

„Информациите кои ги имаме покажуваат дека Луис губел многу надолна сила на предниот дел од болидото, поточно предното крило. По трката, откривме дека големо количество на отпадоци од пневматиците се собрало во левиот дел од крилото и поради тоа неговите пневматици премногу брзо се трошеа.“

„Ваквата околност во која што се најде Хамилтон дополнително го зголемува неговиот резултат во Кореја, покрај огромиот притисок со кој се справи во текот на трката.“ - заврши Британецот.

Превземено од: pitstop.com.mk!

 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook