Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Во Ferrari веќе почнало да се ризикува
16.11.2011

Откако Николас Томбазис пред извесно време најави дека италијанскиот тим ќе се „коцка“ со дизајнот на болидот за наредната сезона, превземајќи похрабри чекори при развивањето, истото денес...

montezemolo-fry-1-2011-1

беше потврдено и од Пет Фрај.

Италијанците оваа сезона забележаа само една победа, онаа во Силверстоун на Алонсо, во споредба со шестте на McLaren или единаесетте на Red Bull. По неколкуте „резервирани“ пристапи изминатите сезони при развивањето на болидот, што резултираа со неуспех во целта да се освојат шампионските титули, од Маранело стигнаа најави за многу поагресивен пристап во развивањето на новиот болид.

„Мислам дека полека но сигурно работите се враќаат на свое место,“ - истакна техничкиот директор на Ferrari, Пет Фрај. „Јас дојдов овде за да откријам каде треба да се подобриме. Тимот сакаше некој кој ќе ги смени нештата во тимот, работнта навика и се останато, па откако најпрвин бев ангажиран во друг дел од тимот, сега ја превземав улогата на технички директор.“

„Во моментов, работиме на тоа како ќе се одвиваат работите наредната сезона.“

Запрашан дали ќе има дополнителни реорганизации во тимот откако некои од клучните фактори изминатите сезони си заминаа, Фрај одговори: „Ќе има уште некои мали проблеми, за да работите бидат онакви какви што јас посакувам да ги гледам, но нема да има огромни поместувања. Прашањето е дали работиме напорно, а одговор на таквото прашање сеуште немаме во овој период.“

Наредната сезона нема да има поголеми измени во правилата, што логички наложува тимовите да ги еволуираат своите болиди, а не револуираат. Сепак, таквиот пристап е неприфатлив за Фрај, кој најави дека Ferrari веќе превземал големи ризици што се однесува со дизајнот на болидот за наредната сезона.

„Можам да кажам дека ние превземавме поголеми ризици и направивме неколку големи измени во споредба со пристапите кои што претходно сме ги завземале.“ - заврши Британецот.

Превземено од: pitstop.com.mk!

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook