|
Тимот на Williams се чини дека е следната дестинација на Зутил, но дали во позадина се крие договор со тимот од Маранело за сезоната подоцна? Според германскиот „Ауто мотор унд спорт“,...

Италијанците ќе се обидат да го ангажираат Зутил за 2013, „наговорувајќи“ го да потпише само едногодишен договор со тимот на Сер Френк Вилијамс за наредната сезона.
По напуштањето на Force India, Зутил е во потрага по нов тим, а заедно со Баричело и Ботас се чини дека до последен миг ќе се борат за возачкото место во тимот на Williams. Според многумина, токму Германецот е во пол позиција, пред се поради доброто финансиско „портфолио“, но исто така и поради добрата форма демонстрирана во вториот дел од оваа сезона.
„Williams е заинтересиран за Зутил, но не само поради спонзорите, туку и поради неговите добри настапи во вториот дел од сезоната,“ - пишуваат Германците од „Ауто мотор унд спорт“.
Но според реномираниот медиум, Монтеѕемоло го „мерка“ Зутил, а истото го наговести откако преку медиумите му порача на Маса дека наредната сезона ќе биде многу значајна за него. Според нив, Зутил е опција за Ferrari во 2013, а истото веќе му е добро познато на Германецот, кој настојува да потпише само едногодишен договор со Williams.
Околу таквата ситуација се огласи и менаџерот на Зутил, според кого тој и неговиот клиент се во потрага на долгорочно решение, а не само кратки авантури.
Превземено од: pitstop.com.mk!
|