|
Двата возачи на McLaren, Џенсон Батон и Луис Хамилтон, го повикаа тимот да пронајде повеќе даунфорс во болидот откако возачите на McLaren го завршија викендот во Валенсија со четврто и шесто место.

Откако McLaren на неколку трки покажа дека може да му конкурира на Red Bull, трката во Валенсија покажа дека тимот од Вокинг падна зад Ferrari во однос на перформансите. Хамилтон изјави дека на болидот му се потребни зголемени перформанси.
„Мислам дека имаме недостаток на даунфорс. Веќе неколку недели немаме надградби на болидот. Имавме надградби за предното крило, но ние имаме проблеми со задниот дел и даунфорсот.“ - изјави Хамилтон.
Хамилтон додаде дека неговиот тим ќе доживее оштетување поради неодамнешната забрана за мапирање на моторот.
„Ни следуваат големи проблеми во Силверстоун. Таму ќе го загубиме мапирањето на моторот, и мислам дека ќе видиме голема разлика.“
Хамилтон признава дека тој денес имал лош старт, но и покрај тоа - болидите на Ferrari биле во подобра форма.
„Имав многу лош старт. Тоа го искористија двата болида на Ferrari и ме престигнаа. Но, дури и да имав добар старт, нивниот перформанс е подобар и тие најверојатно ќе ме престигнеа за време на трката.“
Џенсон Батон го дели мислењето на Хамилтон, додавајќи дека надградбите се неопходни.
„Мислам дека ни треба подобрување пред Силверстоун бидејќи со моменталниот болид ние нема да направиме напредок. Надградбите ни се неопходни, и треба да се концентрираме на тој проблем.“ - изјави Батон.
„Незнам дали тимот планира надградби, но тие ни се потребни, Сега, постои мала разлика помеѓу Ferrari и нашиот тим, а тимот на Red Bull е предалеку во однос на перформансите.“ - додаде Батон.
Превземено од: pitstop.com.mk!
|