|
Новите мотори кои стапуваат на сила од 2014, кои ќе ги вратат турбо полначите во Ф1, не се интересни за германскиот гигант кој сеуште не планира влегување во најбрзиот октански циркус.

Германскиот производител на автомобили неколку пати беше најавуван како нов тим во Ф1, а потоа и како добавувач на мотори, но засега сеуште нема официјални чекори за приближување на Volkswagen кон кралицата на мотоспортот.
Директорот за развој на германската компанија, Улрих Хакенберг, додаде дека спортот е многу далеку од случувањата на обичните патишта и обичните патнички автомобили.
„Ф1 сеуште не е привлечна за Volkswagen, барем не во овој период,“ - истакна директорот за развој на Германците. „Сепак, престижот да се победи во Ф1 е огромен и поради тоа овој спорт е толку атрактивен за големите брендови. Мора да се напомене дека Ф1 не е толку привлечна за оние компании кои се фокусирани на масовно производство.“
За разлика од „замрзнатите“ планови на германскиот гигант за влез во Ф1, Volkswagen наскоро ќе има свој тим во светскиот рели шампионат, кој за Хакенберг е добра платформа за компанијата.
Превземено од: pitstop.com.mk!
|