|
Тимот на Williams потврди дека тие постигнале договор со својот поранешен добавувач на мотори - Renault, за снабдување со мотори од сезоната во 2012 година и понатаму.

Партнерството помеѓу Renault и Williams во осумдесеттите и деведесеттите значеше доминација во спортот. Соработката започнува во 2012, но се очекува Williams да го користи и новиот 1.6 V6 турбо мотор на Renault во 2014.
„Ние сме среќни со постигнатиот договор со Renault. Ова значи повторно поврзување на нашиот Ф1 тим со Renault. Истовремено, ние сме благодарни на нашиот досегашен партнер - Cosworth, кои се покажаа како достоен партнер во и вон патеката во изминатите две сезони.“ - изјави сопственикот на Williams, Сер Френк Вилијамс.
„Нашето претходно партнерство со Renault беше едно од најуспешните во нашата историја, но ние не планираме да се навраќаме кон минатото. Мораме да мислиме на иднината и да работиме на подобрувањето на нашиот имиџ. Се надевам дека со партнерството со Renault ние ќе успееме во тоа.“ - додаде Вилијамс.
Со постигнатиот договор, Renault како снабдувач ќе снабдува четири тимови во 2012: Lotus Renault, Red Bull, Williams и Team Lotus. Cosworth останува на моменталните тимови, HRT и Virgin.
Превземено од: pitstop.com.mk!
|