|
10.03.2008 |
Според големиот газда на Формула 1, Берни Еклстоун за ваквата
состојба е виновен премиерот на Автралија кој лично му рекол дека владата нема
да финансира ноќна трка.
„Разговарав со Кевин Рад и тој ми кажа дека би чинело
премногу да се направи ноќна трка во Австралија, што според мене значи крај на
соработката. Не верувам дека ќе има уште многу Формула 1 трки во Австралија,”
вели Еклстоун во својата изјава.
Управното тело на организациониот одбор на Големата
награда на Австралија веќе му пренесе на Еклстоун дека нема да попуштат под
неговиот притисок и нема сами да го финансираат проектот осветлување на
патеката во Алберт Парк за одржување на ноќна трка во Формула 1.
Според Еклстоун: „Единствениот
начин да се одржува трка во Мелбурн или на било кое друго место во Австралија е
таа да биде ноќна за да може публиката во Европа да ја гледа во живо во
нормален термин.”
Целта е најголемата публика на Формула 1, во случајов
Европа, да не мора да станува среде ноќ за да ја гледа првата трка од сезоната.
„Веќе станува смешно да барате од луѓето да не спијат
цела ноќ за да можат да ја гледаат трката во живо. Овој начин повеќе неможе да
продолжи. Доколку не се најде разбирање од страна на одговорните во Австралија,
алтернативата е трката да се пресели на друг континент,” го завршува Еклстоун
својот коментар.
|