Get Adobe Flash player
Зголемен интересот за Ф1 тимот на Honda
31.12.2008
honda-f1-bs-1.jpgОткако информацијата за купување на тимот на Honda во Ф1 од мексиканскиот милијардер Карлос Слим се потврди дека е шпекулација, интересот за тимот за зголеми.

Прв на листата на понудувачи е индискиот милијардер Вијаи Малија чив ентузијазам за Формула 1 е неспорен. Откако купи дел од поранешниот тим на Spyker, Малија се зарази со грозницата наречена Ф1. Подоцна стана косопственик на тимот Force India и сега е единствениот сериозен понудувач за Ф1 тимот на Honda.

Причината зошто Малија е толку заинтересиран за тим во Ф1, во случајов Honda, лежи во обидот да се стави Индија во календарот на Формула 1. Тој и Берни Екслстоун веќе подолго време се во преговори за Ф1 трка во Индија.

Доколку двајцата магнати успеат да се договорат во Индија најверојатно ќе се вози трка на улична патека дизајнирана од германскиот архитект Херман Тилке.

Патеката е поставена низ областа наречена Велика Ноида која е дел од индискиот мегалополис Њу Делхи.

Откако се протече информацијата за заинтересираноста на Малија за Ф1 тимот на Honda, се појавија и други понудувачи за превземање на програмата на јапонскиот производител во Формула 1.

Станува збор за PSA Peugeot Citroen кои планираат проширување на својата програма во мотоспортот, но и за Дејвид Ричардс и неговата компанија Prodrive.

Сепак, по одсечното негирање на било каков договор за купување на Ф1 тимот на Honda од страна на Слим, без оглед што претходно се сметаше дека договорот е безмалку потпишан, сега се пристапува со доза резерва кон најновите збиднувања.

Во игра се три понудувачи, но без оглед кој ќе го добие договорот најмал проблем е купувањето на тимот.

Honda сега јавно објави дека ќе ги подмири сите долгови на својот тим и стави продажна цена од точно 1 - еден долар, но ќе бара од новиот сопственик да даде цврсти гаранции дека ќе го развива и ќе го унапредува тимот.

Загатката со цената од 1 долар лежи во реалните трошоци потребни за одржување на тимот и сите негови операции. Honda F1 запослува 700 луѓе и нејзиниот оперативен буџет во 2008 изнесуваше 300 милиони долари.

 

 

 

Facebook