|
Возачот кој единаесет пати пиеше од најслаткиот шампањ и возачот кој оваа сезона прерутинирано успева да ги претвроти пол позициите во победа. Нема потреба од подолго претставување...

на победникот во Индија - Себастијан Фетел. На подиумот покрај Германецот се искачија Џенсон Батон и Ферандно Алонсо.
Бевме сведоци на можеби најдосадната трка оваа сезона, бидејќи со исклучок на стартот, инцидентот на Хамилтон и Маса, а и дуелот на Алонсо и Вебер, не видовме ништо друго интересно. На стартот, Фетел успеа да ја задржи позицијата, но истото не го направи и Вебер, кој беше претекнат од Батон. Алонсо ја изгуби позицијата и падна на четвртото место, а Маса напредуваше едно место понапред претекнувајќи го Хамилтон.
Ништо интересно не се случуваше на патеката се до 24 круг, кога се случи дуелот помеѓу Хамилтон и Маса. Хамилтон откако успеа да стигне до мала предност пред Маса, Бразилецот влезе во линијата на возење на Британецот и повторно се судрија. Хамилтон се упати кон механичарите по ново предно крило, додека Маса продолжи, но му беше доделена казна од поминување низ боксовите. Подоцна, влезе по нов сет на пневматици и ново крило, но само 10 круга по инцидентот, Бразилецот ја заврши трката поради кршење на предната суспензија, нешто слично како на вчерашната трка.
Алонсо во вториот дел од трката успеа да му се приближи на Вебер и да го претекне, а дуелот помеѓу овие двајца беше она што го одбележа крајот. Австралијанецот му се приближи на Шпанецот на само секунда во последните неколку кругови, но не успеа да го претекне и заврши на четвртото место.
Зад Вебер се најдоа Шумахер, Розберг и Луис Хамилтон, а топ десетката ја пополнија Алгуерсуари, Зутил и Перез.
Резултати од трката за ГН на Индија:
Превземено од: pitstop.com.mk!
|