Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Зутил ги демантира преговорите со Ferrari
29.12.2011

За евентуалното доаѓање на Зутил во Маранело веќе на големо се зборува, но денес истото беше демантирано од неговиот менаџер, кој отфрли ангажман во Ferrari наредната сезона и онаа што следува по неа.

sutil-press-1-2011-1

Нико Хулкенберг го зазема неговото место во Force India, а Германецот се поврзува со едногодишен престој во тимот на Френк Вилијамс, додека по завршувањето на наредната сезона ќе се пресели во редовите на Ferrari на местото на Фелипе Маса.

Сепак во последните неколку дена на површина испливаа шпекулации дека Баричело ќе добие нова шанса во Williams, а Зутил би прифатил дури и тест место во Ferrari наредната сезона, чекајќи ја својата шанса во 2013. Како и да е, таквите најави беа демантирани од Манфред Зимерман.

„Не преговараме за никаков договор за наредната сезона или таа што следува потоа со Ferrari,“ - истакна менаџерот на Зутил. „Но секако, сон на секој возач е некогаш да вози за Ferrari.“

Покрај слободното место во Williams, преостануа уште едно место во тимот на HRT, бидејќи сите останати возачки места се пополнети. Зимерман во продолжение откри дека тој преговара за ангажман на неговиот клиент за наредната сезона, неоткривајќи ништо подетално.

„Во моментов преговараме и имаме неколку опции. Сепак не би сакал да откривам повеќе околу тоа.“ - заврши Зимерман.

Преземено од: pitstop.com.mk!

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook