|
30.08.2007 |
Помеѓу 1953 и 1955, Alfa Romeo и
дизајнерската куќа Bertone креираа трио од концепти со аеродинамичен дизајн
именувани како Berlinetta Aerodinamica Tecnica - B.A.T.
Дизајнот на овие автомобили ги прикажува истражувањата и идеите
за аеродинамика во годините после Втората светска војна.
Со цел да се постигне најмал коефициент на отпор на
воздух обликот мораше да биде футуристички. Меѓутоа формата одеше во прилог на
функцијата па така коефициентот на отпор на воздух изнесуваше само 0.19,
респективно дури и за денешната технологија, а максималната брзина со мотор од
само 90 коњски сили изнесуваше 201 km/h.
Некои од дизајнерските елементи кои се појавија на овие
автомобили беа пренесени и на сериските кои се произведуваа во шеесетите, како
што е на пример поделеното задно стакло кое се појави на купето на Corvette во 1963.
Но, факт е дека ниту еден сериски автомобил до сега немал задни крила
како B.A.T од 1954.
|