Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Гордоста на Генерал Лион
29.08.2007
lyon-museumСтанува збор за колекција од шеесетина класични автомобили со проценета вредност од преку 200 милиони долари сместени во приватен музеј сопственост на Генерал Вилијам Лион.

Името не ние познато, но како што индицира неговата титула Генерал Лион имал богата војничка кариера која траела преку 30 години од крајот на втората светска војна до завршувањето на војната во Виетнам.

Пред 50 години тој почнал да гради домови пред се за војнички персонал кој се повлекувал од воиштата ширум светот. Така и го стекнал своето богатство, а неговото име е синоним за респект во Јужна Калифорнија каде се наоѓа и неговиот имот на кој е изграден музејот.

Јужна Калифорнија е богата со вакви приватни колекции и музеји сепак, она што го нуди Генерал Лион на публиката е посебно.

Во музејот се наоѓа една од најдобрите збирки на класични автомобили кои освојувале бројни награди на разни конкурси на елеганција. Во музејот се прикажани само околу 60 модели од многу поголемата колекција.

Разгледувајќи ги фотографиите ќе забележите совршени примероци од уникатен Bugatti роадстер од педесетите до транспортер на Хитлер. Доминираат класични европски и американски автомобил, но тука се и европските спортски автомобили па дури и американските „muslecar’s”.

Прекрасни примероци на Packcard, Cord, Chrysler и Auburn. Како и лимузината на претседателот на Мексико. Потоа следат автомобили како Shelby Mustang кабриолет, T-Bird Roadster, Mercer-Cobra која личи како да е извадена од некоја холивудска фантазија од педесетите.

Меѓу колекцијата се крие и еден Ferrari 308, BMW 507 и Porsche RSK.

Наброените модели се само дел од она што се крие во музејот, бидејќи се наоѓаат во предворјето. Во главниот салон се сместени оние чија вредност оди до небо како „Willa Dean” шампионскиот Mercedes 540K.

Тука седи и еден од најубавите автомобили некогаш направен. Станува збор за Duesenberg J Wejmann Speedster од 1931. И тој не е единствениот примерок на оваа прекрасна марка.

Крај него како дополнување на убавината стои прекрасната Isottа-Fraschini еден од автомобилите со најмногу освоени пехари.

 

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook