Побарајте да ви кажат име на некој стар
спортски автомобил. Најверојатно Јaguar E-Type од `61 ќе биде прв на списокот. Тој ги
наполни насловните кога се појави на Салонот во Женева
Произлезен од одделението за развој на
тркачи за Леман од 50-те, напредокот од победоносниот C-type, преку уште поуспешниот D-type до Е-type јасно се препознаваше во изгледот и во механиката, иако E-type
беше понапреден поради независната суспензија назад.
Сепак, главната разлика беше тоа што E-type не беше развиен со единствена цел да се трка, туку да се вози по улица,
автомобил што Jaguar ќе може да го
продава во големи серии на новите богаташи од 60-те. Тој беше препознатлив
суперавтомобил на тоа време.
Отворените верзии по правило
постигнуваат повисоки цени на пазарот на олдтајмери отколку купеата, но
значителен број ентузијасти ги ценат елегантните линии на оригиналната
затворена каросерија. Во минатото, повеќето ентузијасти преферираа да ја
задржат оригиналната состојба на возилото, но во минатите години се развива
тренд на фризирање на моторите, модерни менувачи, подобрена суспензија и
поефикасни сопирачки. Внимателно извршени од име што се цени во браншата,
таквите модификации се добредојдени на денешниот пазар. Првите модели 3.8 сега
се реткост, за поновите модели 4.2 се решаваат повеќето.
Развој
Првите примероци ги викаат „нископодни”
и очигледно е зошто. Тие се доста тесни за возачи повисоки од 1,80 метри. Jaguar
набрзо го преправи подот за петиците на возачот да бидат
пониско, како решение за повисоките возачи. На крајот на `64, моторот 3.8 беше
заменет со 4.2 и традиционалниот менувач без синхронизирана прва брзина беше
заменет со помек комплетно синхронизиран менувач. Моделот 2+2, повисок за 5 до
8 сантиметри и со меѓуоскино растојание подолго за дваесет сантиметри се
приклучи во 1966.
Е-type се води као 3.8 и 4.2, а последниов како Series
I, Series I1/2 Series II. Series
I1/2 почнува приближно откако беа исфрлени капаците за
светлата на крајот на 1967. Series II, од 1968, се препознава по пошироките отвори за светла и по поголемата
маска. Series II 2+2 има попривлечен,
поисправен ветробран од претходните четириседи, кои изгледаат како да се
нацртани набрзина.
Во текот на годините се случија големи
промени. Е-type се појави како
бескомпромисен спортски автомобил и постепено прерасна во луксузен крстосувач,
качувајќи ја тежината. Шестцилиндарските модели се произведуваа до 1971, кога
ги наследи луксузната трета серија со V12, во март.
Во возење
Од елегантниот изглед лесно се заборава
колку е стар E-type: првите примероци
имаа дијагонални гуми и Moss менувач без синхронизирана прва брзина. Тоа се уште ги привлекува пуристите,
управливоста и реакцијата беа се што ентузијастите можеа да посакаат во 1961.
Сепак, нископодниoт E-type беше тесен и имаше слаба вентилација. Поцивилизираниот
купе со цврст покрив задржуваше повеќе звук на мотор внатре, но звучеше добро.
Имаше повеќе простор во 2+2, со подолго меѓуоскино растојание и поисправен
ветробран, но возачите се чувствуваа како да висат на седиштето.
Голема е возбудата да се вози кој било
од овие легендарни олдтајмери при која било брзина, но да не се заборава дека E-type
се уште е доста брз. Декларацијата за 240 km/h се исполнува кај 4.2 coupe, но 2+2 со автоматик ќе успее само до 220. Без
автоматикот, забрзувањето до 100 km/h е во распон од 6,9 до 7,4 секунди што е необично брзо за олдтајмер.
Независната задна суспензија беше голем
чекор напред во поглед на квалитетот на возењето и тракцијата, но првично беше
проектиран за дијагонални гуми. Со модерни радијални гуми, како повеќето денес,
се добива подобар контакт, но тоа може да предизвика ненадејно надуправување во
свијок. Тука почнува подобрувањето со чувство: покрут стабилизатор назад, плут
потврди амортизери насекаде е добра идеја. Со толку добар контакт со модерни
гуми, вложување во подобри сопирачки е мудар потег за повеќето сопственици.
|