|
08.05.2007 |
Авто Мото
Сојузот на Македонија на 13 мај ќе го организира првиот меѓународен “Фламинго -
Конкурс на Елегантнција“. Манифестацијата ќе се одржи во Хотелот “Фламинго“ во
Гевгелија.
На манифестацијата учество ќе земат најубавите возила од
соседните држави. Секое од нив патем ќе ја претставува својата држава. Наши
претставници ќе бидат најубавите Историски возила во Македонија. На конкурсот,
кој ќе се спроведе целосно според правилата за ваков тип на манифестации
пропишани од страна на FIVA
- Меѓународна Федерација за Историски Возила, возилата ќе се оценуваат според
неколку критериуми:
оригиналност, квалитет на реставрација и атрактивност на моделот.
За оценувањето
да биде спроведено на најдобар можен начин ќе се грижи жирито составено од
претставници на Федерациите на Историски возила на соседните држави. На
манифестацијата ќе биде доделена и награда за најдобра комплетна појава,
односно автентичност на автомобилот и облеката на сопственикот од времето кога
е произведено возилото. Што значи дека сите учесници на манифестацијата
треба да бидат целосно усогласени или барем со некој детаљ од облеката да ја
наговестат модата и времето во кое се возел автомобилот што го поседуваат.
Оваа манифестација има огромно историско значење за
создавањето на Федерација на Историски возила во Македонија. Затоа за време на
манифестацијата ќе се одржи конститутивен состанок на сопствениците на
историски возила во Македонија, каде ќе се даде извештај за досегашните
активности како и насока за формирање на клубови и Федерација на Историски
возила.
|