Get Adobe Flash player
Lancia слави 50 години од моделот Flaminia
17.09.2007
flamina-1Lancia го спонзорираше еден од најпрестижните настани во светот на историските едреници и моторни јахти Monaco Classic Week во организација на јахт клубот на Монако.

Одржувањето на престижниот настан совршено се поклопи со прославата 50 години од претставувањето на успешниот модел на Lancia од педесетите Flamina. 

Моделот го здогледа светлото на денот во 1957 и стана еден од најомилените и најценетите автомобили на своето време. Пример за успехот на Flamina е дека овој автомобил за превоз сеуште го користи претседателот на Италија.

Луксузната лимузина со импозантна појава се произведуваше се до 1970 во три последователни серии. Лимузина од ваков калибар во тоа време неможеше да плови сама на пазарот.

Затоа беше придружувана од фасцинатно купе направено на истата основа и дизајнирано од Пининфарина. Купето се нудеше во две верзии именувани како Touring и Zagato.

Врската меѓу Flamina и моторните јахти лежи во нејзинот можен шест цилиндричен мотор кој обилно е користен за погон на брзи глисери. Овие пловила постојано победуваа на натпреварите и набрзо станаа класа за себе.

Дел од овие класици на Lancia беа изложени во градината на јахт клубот на Монако, меѓу кои се перчеше и Flamina Coupe Pininfarina прикажано првпат на салонот во Торино во 1956 како прототип.

flamina-2flamina-power-boat-3flamina-4

 

 

 

Facebook