Олдтајмерите ги разубавија улиците на Скопје и не
прошетаа низ историјата. 103 автомобили и мотоцикли мамеа воздишки меѓу
посетителите на изложбата поставена на плоштадот Македонија.
Веќе нема место за сомнеж дека во Македонија има одлично
реставрирани автомобили. Завидното техничко ниво на нашите реставратори се
покажа во вистински сјај на третото по ред рели на олдтајмери во Македонија.
Успехот што го доживее ова рели ги привлече и вљубениците
во олдатјмери од соседството. Пред се Грција и Србија. Олдтајмерите возеа низ
улиците на Скопје на маршрута долга 28 километри поделена во две етапи.
Најпрецизните возачи победија во своите класи вкупно 7 меѓу автомобилите каде
една класа беше издвоена за посади каде возеа припадничките на понежниот пол и
една класа во која се најдоа јангтајмерите. Мотоциклите беа поделени во 3
класи.
Меѓу најстарите автомобили произведени до 09.09.1957
победи Златко најдовски со Mercedes 190 S. Во класата каде возеа десет години
помлади возила победата ја однесе гостинот од Грција, Алекс Станиос со Alfa
Romeo.
Најпрецизен возач во третата класа за автомобили
произведени до 09.09.1977 победи Георгиевски Перо со Mini Moris. Најдобар од
најстарите кабриолети распоредени во класа четири победи беше Citroen
Mehari со Дарко Гигов зад воланот. Додека кај олдтајмерите наменети за беспаќа
победата ја однесе Драги Петрушевски со Jeep Kajzer.
И припадничките од понежниот пол имаа свој победник. Тоа
беше Весна Велковска со Zastava 101, a кај јангтајмерите најдобро извозе
Христаки Давитковски со zastava 750.
NSU Pretis и Војко Стоиловски беа најуспешни
меѓу мотоциклите произведени до 1960, кај оние помладите произведени до 1977
закон беше мотоциклот на BMW R-75/6 со Драган Велкоски во седиштето.
Мотоциклите со приколка се неизоставен дел од овие релија
најубавиот BMW R-54 со најпрецизниот возач Ѓориѓи Досев се закити со победа.
Најубавиот автомобил и најубавиот мотоцикл го бираше
публиката. Според собраните гласови за најубав олдтајмер на четири тркала беше
избран Opel Kadett во сопственост на Божидар Атанасов,
додека кај двотркалците публиката гаеше најмногу симпатии кон убавото BMW на Зоран
Лоскоски.
Клуб со најмногу учесници на релито беше Олдтајмер од
Скопје.
За времетраење на релито беше одржана првата седница на
Федерацијата на Македонија за Историски Возила. Со својот ангажман федерацијата
ќе се погрижи и Македонија да застане рамо до рамо со останатите земји од
светот каде се негува култот на олдтајмерите.
Една од задачите на федерацијата ќе биде и регулирање на статусот
на олдтајмерите во државните закони. Целта е да се овозможи нивен прилив во
државата и соодветен тртман од страна на истата.
Што значи дека наскоро можеме да очекуваме дека
љубителите ќе можат да дојдат до некој убав примерок на стар автомобил кој ќе
може да се регистрира и секако вози на нашите улици.
Еден куриозитет од првата седница на Федерацијата на
Македонија за Историски Возила е и присуството на градоначалникот на град
Скопје Трифун Костовски кој потпиша пристапница за во федерацијата и ја доби
членската книшка со број 1.
И што понатаму?
Уживајте!
|