Get Adobe Flash player
40 години Ferrari 365 GTB/4 Daytona
11.04.2008
ferrari-daytona-1.jpgГодинава Ferrari прославува 40 годишнина од исконскиот модел 365 GTB/4 Daytona кој кај нас се прослави возејќи ги детективите Крокет и Табс во серискиот филм Miami Vice или Пороците од Мајами.

Оригиналниот 365 GT всушност своите 40 лета ги наполни пред две години, но во Маранело одлучија јубилејот да го прослават годинава бидејќи тогаш беа премногу зафатени со организација на прославата 60 години Ferrari која се случи минатата година.

Прекрасниот Ferrari 365 се појави во 1966, но автомобилот кој е останат во сеќавање на повеќето љубители на автомобили е 365 GTB/4 кој се појави во 1968. Второто издание на 365 е повпечатливо поради дизајнот на Pininfarina кој изобилува со остри линии што запнуваат за око.

Славата на 365 GTB/4 се иницира преку тројната победа на трката - 24 часа Дајтона – по што го добива и својот официјален прекар и станува Ferrari Daytona во 1968. Четириесетиот роденден на 365 GTB/4, Ferrari го прослави со доведување на 20 оригинални модели Daytona на Фестивалот на историски автомобили во Мугело, кои се натпреваруваа во Купот на трите покраини во должина од 300 километри.

Оваа патека е значајна за историјата на Ferrari, бидејќи големиот Енцо Феррари ја заврши својата тркачка кариера токму тука, а Ferrari е и сопственик на патеката во Мугело.

Легендарната Daytona се до `90. беше последниот модел на Ferrari со мотор напред, поточно се до појавувањето на моделот 550. 365 GTB/4 во носот носеше огромен V12 кој произведуваше 352 коњски сили кои пак ги задвижуваа задните тркала и беа доволни за забрзувањето до 100 km/h за 5,4 секунди и максималната брзина од безмалку 290 km/h.

 

 

 

Facebook