|
11.05.2009 |
Во далечната 1959 година во мај стартуваше производството
на малечкиот автомобил, едноставно наречен Mini коj ги
смени поимањата за автомобилите и чива легенда живее и ден денешен.
Производството на Mini, генијалната
конструкциjа на Сер Алекс Исигонис, стартува во првите
погони на компанијата во градот Каули, Англија, за по неполна декада да се
премести во фабриката во Лонгбриџ, наречена Plant Oxford.
Во периодот меѓу 1959 и 1968 во фабриката во Каули се
произведени точно 602.817 примероци на Mini. За овие
50 години колку што Mini постои на пазарот се произведени преку 6 милиони
примероци.
По повод прославата на 50 годишнината на Mini, менаџeрот
на фабриката Plant Oxford каде се произведува и современиот Mini истакна: „Малкумина
очекувале дека малечкото автомобилче создадено од Сер Алекс Исигонис ќе стане
толку популарно и дека дури и по 50 години производство ќе продолжи да го носи
името MINI.”
По повод јубилејот се планира прослава кој ќе се одржи на
патеката Силверстоун викендот 22 до 24 мај каде покрај парадата ќе се одржуваат
и трки, a главен јунак ќе биде, кој друг ако не Mini.
|