Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
50 години појас во три точки
13.08.2009
volvo-pojas-vo-tri-tocki-1.jpgVolvo одбележа 50 години од воведувањето во сериско производство на појасот со три точки на врзување во своите модели. Конструкциско и безбедносно решение кое денес се зема здраво за готово.

Појасот со три тoчки на врзување е дело на шведскиот инженер Нилс Болин кој работел во одделот за развој на Volvo и за првпат влегува во сериско производство во далечната 1959.

Тогаш во дилерскиот центар на компанијата во градот Кристианстад е донесен моделот на Volvo, PV544 кој е првиот автомобил на светот што сериски се произведувал со појаси во три точки на врзување.

Потребни биле четири години за Volvo да почне сериски да ги вградува појасите во три точки и на своите модели наменети за извоз во САД. Па така првиот автомобил со појас во три точки се појавува на тлото на САД во 1963.

Повторно четири години подоцна, во 1967 Volvo почнува да ги поставува своите појаси и на задните седишта.

За да ја докажат успешноста на концептот на новите појаси во Volvo прават истражување на 28.000 сообраќајни незгоди и докажуваат дека ризикот од повреди кај патниците кои биле врзани со овие појаси се намалува за 50 – 60%.

Денес во официјалното соопштение на Volvo се вели дека нивните истражувања докажуваат дека со текот на годините благодарение на нивниот појас со три точки на врзување се спасени преку 1 милион човечки животи.

Сето ова е доволно денес секој автомобил да биде опремен со појаси со три точки на врзување за сите патнички места, а исклучок не се ниту современите автобуси.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook