Get Adobe Flash player
60 години Ferrari во постери
01.06.2007
ferrariizlozbaОд 1 јуни па се до 16 септември во галеријата на Ferrari во Маранело ќе биде отворена изложба посветена на 60 годишнината на марката со оригинални постери од трки и филмови.

Шеесет години тркачко минато раскажано преку постери од италијански и интернационални трки и филмови од 1947 година до денес.

Уникатната колекција се состои од 200 постери кои ја илустрираат тркачката историја на Ferrari преку делата на современи уметници како Фортунато Деперо, Џино Бокасиле, Марчело Дудович и Плинио Кодоњато.

Постерите ги прикажуваат сите големи трки во кои главен протагонист бил Ferrari. Од Mille Miglia преку 24 часа Леман до Нирбургринг.

Оваа оригинална и уникатна колекција во сопственост на Серџо Касано, дава нов поглед на историјата на Ferrari, односно како во текот на изминатите 60 години Ferrari бил претставуван од познати уметници заведени од неговиот мит.

Како дополнување на изложбата се повеќе важни пехари и два класични тркачи: 500 F2 и 750 Monza.

500 F2 претставува вистинска легенда. Тоа е првиот автомобил направен во Маранело со реден четирицилиндарец. Учествувал на 15 трки, победил на 14, а 11 од нив му припаѓаат на Алберто Аскари како и Светскиот шампионат во 1952 и 1953 година.

750 Monza учествуваше на првата трка 1.000 километри Монца во 1954 година, каде освои двојна победа, а подоцна стана Светски шампион.  

Покрај нив се и фотографиите со големи филмски имиња како Клинт Иствуд, За За Габор, Орнела Мути, Ингрид Бергман, Роберто Роселини...

За оние што нема да успејат да ја посетата изложбата подготвивме галерија.

 

 

 

 

Facebook