|
28.05.2009 |
Генералниот директор на Citroen, Жан-Марк
Гал планира во следните неколку години да го претвори Citroen во трет по
големина производител на автомобили во Европа.
Според Гал за постигнување на зацртаната цел потребно е Citroen да ја
прошири соработката со други автомобислки концерни и да го прошири развојот кон
нови модели.
„За нас не е важно дали ќе произведеме шест или седум
милиони автомобили за да си ги оствариме плановите. Нашата стратегија е сосема
поинаква. Веруваме дека соработката со Ford и BMW особено во
сферата на мотори и менувачи кои се најскапите склопови кај автомобилот ќе ни
ја овозможи посакуваната место положба како производител,” истакнува Гал.
Тој исто така го спомнува и продлабочувањето на
соработката со италијанскиот гигант Fiat за производство на
лесни товрани возила која функционира веќе подолго време.
По одржувањето на самитот Денови на Асоцијацијата на
европските производители ACEA, Citroen го завзеде седмото место меѓу производителите на
автомобили во Европа.
Во првите три месеци од годината Citroen продал
вкупно 263.347 автомобили, додека сестринската компанија Peugeot има продадено
38.000 автомобили повеќе.
|