Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Американците стануваат премногу дебели за да возат
20.09.2007
krofniАмериканците секоја година стануваат се потешки и потешки. За несреќа и наведениот капацитет на автомобилите за превоз на патници и максимална дозволена тежина не може да држи чекор.

Двоседите како Mazda MX-5 и Corvette не се предвидени да возат двајца возрасни од по 91 килограм плус багаж, како на пример еден Cadilac XLR. Нивната дозволена носивост е на граница кога се вози просечен американски пар.

Спортските купеа и родстери не се единствените што имаат проблем да ги превезуваат прекумерните килограми на своите јадачи. Минивани, SUV, кросовери, седани и каравани се исто така на листата на возила кои немаат доволно голема носивост за да го издржат налетот не едно просечно американско семејство.

Еден таков пример е Acura TSX која може да превезува пет патника се додека нивната просечна тежина не преминува 77 килограми. Ист е случајот и со новиот модел на Mazda CX-7 кој има слични спецификации.

Производителите на автомобили велат дека нивната максимална носивост е базирана врз општата формула според која просечен човек тежи 68 килограми, бројка кој очигледно е нереалистична за еден просечен американец.

Центарот за контрола на болести во САД во 2004 пресмета дека просечен американски маж е тежок 86 килограми, додека просечната жена притиска врз подлогата со 74 килограми.

Секој автомобил може да издржи тежина поголема од онаа што е предвидена како максимална дозволена тежина, сепак, кога таа е надмината производителите не гарантираат за динамичките карактеристики на возилото и неговите перформанси.

Производителите секогаш поставуваат безбедносна граница, но нејзината висина зависи и од моделот и од марката.

Кога се ќе се збере крајниот заклучок е дека американците ја преминуваат границата помеѓу нездраво и небезбедно.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook