Get Adobe Flash player
Aptera Typ-1 plug-in и хибрид
20.11.2007
aptera-typ-1concept.jpgЕдна мала компанија во Калифорнија тврди дека го направила невозможното. Нејзините инженери развиле електричен plug-in и хибрид кого може да го понудат по цена за помалку од 30.000 долари.

Она што радува уште повеќе е потрошувачката на автомобилот која изнесува неверојатни 0,784 литри на 100 изминати километри.

Автомобилот е развиен од Aptera, а првите испораки на целосно електричната верзија се закажани за 2008, а хибридот ќе се појави малку подоцна.

Само електричната верзија има радиус на движење од 190 километри, додека полнењето на батериите трае само неколку часа приклучени на стандардниот електричен систем.

Хибридот кој исто така може да се полни на со приклучување во обичен штекер може да оствари радиус на движење од близу 1.000 километри. Тој има генератор на бензин кој произведува електрична струја, а се движи со помош на електро мотор.

И двете верзии се полни со безбедносни елементи. Имаат предна деформациска зона која го пренасочува ударот во случај на фронтален судар, страници од челик и композит, заштита од превртување и четири воздушни перници.

Именуван како Type-1 новиот автомобил вози само на три тркала има многу низок коефициент на отпор на воздух и во него можат да се превезуваат два возрасни патника седнати еден до друг.

Назад има место за седиште за деца позиционирано на средина, а кога седиштето ќе се отстрани останува доволно простор за две торби за голф, две даски за сурфање долги до 2,1 метари или дури 15 ќеси полни со намирници за дома.

Компанијата почна да прима уплати и веќе 400 клиенти се одлучиле за автомобилот.

 

 

 

Facebook