|
Автомобилите на трите премиум германски марки го носат приматот најпродавани во луксузниот сегмент. Ова правило до неодамна важеше за цел свет освен Кина, но од годинава и тоа се менува.

Факт е дека денес најмногубројната држава е и најголемиот пазар на автомобили на светот. Кина им ја превзеде главната улога на Соединетите американски држави и сега колото го води.
Затоа не чуди што сите производители своите програми и планови ги насочуваат кон брзо растечкиот пазар во Кина. Според начинот на кој се одвива продажбата годинава се очекува во Кина да бидат продадени околу 17 милиони нови автомобили.
Секако во оваа бројка не се пресметуваат товарните и возилата за превоз на патници. В година пак се очекува кинескиот пазар да проголта дури 19 милиони автомобили бројка вредна за почит.
Во овие вртоглави продажни бројки трите премиум германски марки пак го држат приматот на најпродавани возила во луксузниот сегмент и зафаќаат неверојатни 76% од целокупната продажба на луксузни автомобили.
Познавачите на приликите на кинескиот пазар предвидуваат дека овој процент ќе продолжи да расте во годините што доаѓаат. Охрабрена од продажбите германската тројка во својата програма ги воведе и во Кина толку посакуваните продолжени верзии на своите модели.
Секако моделите се произведуваат во Кина и имаат прилично примамливи цени кои се далеку пониски дури и од оние во САД бидејќи се произведуваат во Кина. Интересно е што дури 60% од продажбата на моделите на Audi, A4 и А6 им отпаѓа на нивните продолжени верзии А4L и А6L.
Следејќи го примерот на конкурентот од Инголштад и BMW и Mercedes минатата година ги претставија продолжените верзии на своите Серија 5 и на Класата Е. Дури и Volvo кој сега е кинески има долга верзија на знаменосецот S80.
Со организирање на производството на кинескиот пазар Audi, BMW и Mercedes избегнуваат значаен дел од давачките кои што ги дуплират цените на конкурентите како Lexus, Infinity и Jaguar.
Колку за споредба цените на автомобилите од трите марки произведени во Кина стартуваат од 478.000 јуани или околу 71.000 долари, додека нивните увезени варијанти стартуваат со цена од 548.000 јуани или околу 82.000 долари.
|