Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Audi ни открива технологии што штедат гориво
19.11.2007
audi-a6-clean-tdi.jpgГодинешниов тркач на Audi пријавен за Michelin Challenge Bibendum не беше некој било каков концепт кој никогаш нема да го здогледа светлото на денот туку модел близу до сериско производство.

Во Audi уверуваат дека токму овој модел наскоро ќе се појави и во продажните салони. Се работи за автомобил преку кого Audi ги претставува своите најнови еколошки технологии како системи за враќање на енергијата при сопирање, ситем старт/стоп, и течен филтер во издувниот систем AdBlue.

Доколку сите овие системи звучат импресивно верувајте ни дека тоа не е без поткрепа бидејќи сите овие веќе се користат во сериските автомобили на најголемите конкуренти на Audi, BMW и Mercedes.

Првите модели на Audi што ќе користат и течен филтер во издувниот систем AdBlue ќе бидат А4 и Q7, TDI и ќе бидат понудени на купувачите во првата половина на 2008.

3.0 литарскиот чист дизел има дури 90 проценти помалку честички во издувот отколку се гашните верзии на TDI. Олку чистата емисија на издувни гасови треба да му овозможи да ги задоволи европските норми што стапуваат на сила во 2014 како и нормите на Калифорнија LEV II BIN- 5.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook