Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Audi R8 сепак, не е пливач
20.08.2008
audi-r8-water-accident-1.jpgЗачестуваат инцидентите со супер спортски автомобили. Најверојатно затоа што на светот има се побогати луѓе кои можат да си ги дозволат, но не знаат да ги скротат.

Ова само по себе покажува дека супер спортски автомобил не е за секого и дека барем, ако некој што не е доволно вичен зад воланот, кога веќе може да си дозволи едно вакво задоволство би требало да посетува соодветна школа заради своја и безбедност на останатите учесници во сообраќајот. А на крај и заради заштита на својата инвестиција.

Но, што ако автомобилот е земен на тест возење?

Маж на возраст од 33 години од градчето Вордензе Ферлаат, Холандија заинтересиран за купување на Audi R8 од дилерот го добил автомобилот на кусо тест возење и во одреден момент 420. коњски сили му избегале од контрола.

На еден патен правец каде брзината е ограничена на 80 km/h човекот одлучил да ги испроба можностите на R8 и притискал врз педалот за гас се додека при 200 km/h не изгубил контрола, излетал и се шлапнал во канал крај патот.

Според извештајот на сообраќајната полиција инцидентот се случил поради мала нерамнина на патот која што го исфрлила од рамнотежа автомобилот кој пак се движел со 200 km/h, а неискусниот возач целосно ја изгубил контролата.

За среќа каскадеров се извлекол без гребаница и нема други настрадани. Нормално ако тука не се земе во предвид Audi R8 кој во Холандија чини 157.630 евра и кој според проценката на осигурителната компанија, најблаго речено, повеќе не е погоден за употреба.


 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook