|
Паралелено со 15. годишно освојување на врвови во продажба Авто Чајка ги освојува и планинските врвови во Македонија. Покрај врвовите на Шарпланина годинава на ред дојдоа и други врвови.

Во својот најнов ангажман Авто Чајка и даде активна поддршка на традиционална манифестација наречена Бегово Поле која подразбира освојување на врвовите на планинскиот масив Јакупица.
Целта на оваа акција е што поголемо активирање на младите во освојување на зелените пространства и нивно запознавање со природните богатства на нашата држава.
За акцијата намерно е одреден малку посетениот планискиот масив Јакупица со највисок врв Солунска Глава кој се наоѓа на 2.540 метри надморска височина и од каде според преданијата во чисти временски услови се пружа поглед на Солун.
Акцијата Бегово Поле го носи името според последната висорамнина која е последната кота за планинарите кои тргнуваат во совојување на врвот. Токму ова место на надморска височина од 2.000 метри беше и централно место на кое се случуваше дневната забава на најдолгиот ден од годината 21 јуни.
Партнер во остварувањето на акцијата на планинарското друштво Македон беше малиот кросовер на Toyota, Urban Cruiser кого го обезбеди Авто Чајка компанија која со поддршката на спортски и културни манифестации допринесува за подогање на општествениот живот во Македонија.
|