Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Автоматскиот семафор полни 80 години
05.11.2007
semafor-80-godini.jpgПрвпат регулирањето на сообраќајот со помош на електрична светилка е направено во САД во 1914. Тоа се случило во Кливленд, Охајо. Светлото било како и ден денес црвено стој, зелено оди.

Четири години подоцна во Њујорк се појавува и жолтото светло, кое предуредува дека претстои менување од зелено во црвено и обратно.

Првите семафори ги обслужувале луѓе. Биле потребни повеќе од 10 години за да се појави првиот семафор кој немал потреба да биде обслужуван од луѓе и кој работел потполно автоматски.

Неговата премиера била токму на денешен ден 5 ноември 1927 во британскиот град Волверхемптон.

Во педесетите години на минатиот век во Минхен за првпат е поставено зелено светло за оние што вртат десно да можат да минат без да застанат на крстосница на која за останатите свети црвено светло.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook