|
25.03.2007 |
Hot Rods не се за слатки девојчиња. Смрдат, брмчат, испуштаат масло. Едно е јасно:
девојка што седи до Hot Rod, за викенд сигурно нема да ги посети свекорот и свекрвата.
Холивуд го меша најубавото од два
света: убави девојки и брзи коли. На пимпуваните тркачи од серијалот Fast and
Furious сопственикот на кола што навистина е брза може само да се насмее, но
тешко дека би посакал да ги откачи од совозачкото седиште жените од асфалтот
што ги гледа на платното. Релноста најчесто е тажна. Кога на некој автомобил со
каросериски кит ќе му се прикачат мускули како на Ferrari, возачот најчесто покажува повеќе сало отколку бицепси. Убави
девојки има и во неговиот свет, тие во календарот.
За среќа во еротскиот свет на
фотографот Дејвид Пери повеќе живее Бети Пејџ во корсаж отколку Париз Хилтон во
костум на зајачица. Девојките и автомобилите во неговата монографија „Hot Rod Pin-ups” се пред се „Big”. Повеќе авто и
повеќе жена отколку што можат да поднесат повеќето. Фотографот внесува прљава
компонента на познатите пози што се проголтуваат со очите на американската
пин-ап култура. Се разбира дека детските замижувања со очите, кокетските
вртења и случајните погледи во деколтето се позната работа. Но, тука не се
гледаат облините на невини јагненца, туку зрели жени. Жените стојат исто толку
цврсто на нивните High-Heels, како Big-Block покрај на скастрената
шасија.
Од лакирани благородни модели ниту
трага, кај Пери еротиката нема филтер за честички чад. Не е ни чудо бидејќи
род-моделките се вистински. Се забележува дека не доаѓаат од агенција и дека
потоа не се дотерувани од висажистите за „Bad Fifties”. Пери ги регрутира неговите жени од
интернет страниците на полупрофесионални, еротски самостојни глумици. Место
шампањ има добра голтка „White Trash” и „Fetish-Light”
во сите варијанти. Успешна комбинација. Девојките носат тетоважи и самосвест,
имаат мускули и дамки од масло. Тие се како нивните автомобили.
|