За жал видот е единственото сетило на љубителите на автомобили
за кое ќе биде достапна оваа прекрасна, спортска, ултра модерна
скулптура на четири тркала која го носи името BMW 250TTi Shockware.
Дизајнот на супер спортскиот aвтомобил на иднината е дело
на иранскиот дизајнер Емил Бадал и несомнено освојува на прв поглед и го
приковува погледот врз мониторот.
Се чини дека од Иран доаѓаат млади и просперитетни дизајнери
чии дела сигурно ќе оставаат печат во автомобилската индустрија во иднина.
Бадал има само 23 години но неговите креации мамат
воздишхи и се познати низ цел свет посебно нагласувајќи го неговиот веќе изграден
стил. Од претходните креации тука се модели на Lamborghini, Ferrari и BMW.
Секако како и претходните дизајнерски остварувања на Бадал
ниту BMW
250TTi нема да застане под блескавите рефлектори на некој
изложбено продажен салон. На крај тоа и не е толку важно.
Важно е што покрај неговите креации, посебно последната BMW 250ТТi сегашните дизајнерски остварувања во автомобилската индустрија изгледаат
некако старомодно поради отсуство на нови идеи.
Без да заглавуваме во, во случајот непотребното опишување
на автомобилот, ве препуштаме на фотографиите кои зборуваат многу повеќе.
BMW 250TTi Shockware
Останатите остварувања на Бадал
|