Get Adobe Flash player
BMW 75 години прави родстери
01.06.2009
bmw-75-godini-roadster-1.jpgГодинава баварскиот производител на автомобили, BMW прославува 75 години од стартот на производство на спортски отворени автомобили кои денес се препознаваат како родстер, односно Roadster.

Првиот отворен спортист BMW го претстави во мај далечната 1934. Родстерот на BMW беше изложен на салонот во Берлин и го красеше надолжно поставен мотор сокриен под долгата хауба, ниско предно стакло со можност за преклопување заради комплетно доживување на возењето со ветар во лице, склоплив платнен кров и секако две седишта.

Овој модел беше создаден на основата на седанот 315 и ја носеше ознаката 315/1. Под хаубата 315/1 носи 1.5 литарец со шест цилиндари распоредени ви линија со моќност од 40 КС.

Тркалата одзади се покриени со метален капак  заради подобра аеродинамика, а автомобилот подоцна добива и помони верзии и успешно учествува на многу трки во тој период.

bmw-315-1.jpg

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Веднаш по него доаѓа моделот 328 Roadster со моќност од 80 КС, овој модел возеше со максимални 155 km/h и е произведен во само 464 примероци.

bmw-328.jpg

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Следниот отворен спортист на BMW доаѓа дури во 1955 по завршувањето на Втората светска војна и дебитира нво Њујорк. Станува збор за BMW 507 модел кој ја постави основата за идните спортски автомобили на BMW.

Под хаубата на BMW 507 стои бензински V8 со алуминиумски блок и глави и зафатнина од 3.2 литри и моќност од 150 КС кои се доволни за максимална брзина од 220 km/h. BMW 507 е продаден во точно 251 примероци.

bmw-507.jpg

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Новата ера на родстери BMW ја започнува со серијата Z во 1988. Тогаш баварците го претставуваат Z1. Автомобилот носи реден шест цилиндричен бензинец со зафатнина од 2.5 литри и моќност од 170 КС.

BMW Z1 со  тежина од 1.250 kg забрзува до 100 km/h за помалку од 8 секунди и достигнува максимална брзина од 225 km/h. Производството на Z1 престанува во 1991 со околу 8.000 произведени примероци.

bmw-z1.jpg

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Наследникот на Z1 го носи името Z3 и заедно со новото име носи и зголемена продукција, но и повеќе прославени шест цилиндрични редни бензинци во понудата. Врвот беше загарантиран за 3.2 литарецот со 325 КС земен на заем од тогашниот M3.

bmw-z3.jpg

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Еден од уникатните родстери на BMW е Z8 прослевен во филмот за тајниот агент 007 Џејмс Бонд, The World is not Enough во 1999. Z8 под хаубата пакува 4.9 литарски V8 со 400 КС кој доаѓа од тогашниот М5.

bmw-z8.jpg

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Новото родстерско столетие во BMW започнува со моделот Z4, директен нaслденик на Z3, кој добива и свој истоимен наследник.

bmw-z4.jpg

 

 

 

Facebook