Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
BMW е најпосакувана марка во Кина
18.03.2011

Покрај тоа што стана најголем пазар на автомобили во светот Кина многу брзо се претвори и во еден од најголемите пазари на луксузни автомобил и нема марка што не сака парче од овој пазарен колач.

bmw-6-coupe-1-2011-1

Ова правило не важи само за марките кои произведуваат луксузни автомобили, туку и за другите луксузни марки воопшто. Но, она што нам ни е предмет на интерес сепак се автомобилите.

Во најновите истражувања на пазарот во Кина кои се однесуваат на посакуваноста на луксузните марки се забележува доминација на една марка, погодувате станува збор за BMW.

Интересно е што BMW не е само најпосакувана луксузна марка меѓу автомобилите, туку е најпосакувана луксузна марка воопшто и ги победува марките како Apple, Rolex, но и ривалите Audi и Mercedes.

Според регионалниот менаџер на консултантската фирма Clear Asia, Оливер Картрајт, BMW како марка остава силин печат во Кина и целосно ја препознаваат сите граѓани без оглед на социјалната структура.

Кинезите го препознаваат BMW како марка која е секси, марка која е издржлива и трајна, марка која е возбудлива и софистицирана. Иако не се толку посакувани како BMW и Audi и Mercedes котираат високо кај кинезите.

Истражувањето на Clear Asia открива дека и Audi и Mercedes предизвкуваат восхит меѓу кинезите, но сепак не се толку привлечни и препознатливи како што е случајот со BMW.

Со посакуваноста на BMW е врзана и уште една работа. Имено истражувањата од овој тип кои редовно се прават ширум светот велат дека BMW е најпосакувана марка меѓу автомобили.

Во однос на останатите марки BMW е на трето место. Првото место го завзема Apple, a второто Google.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook