Get Adobe Flash player
BMW мисли и на своите класици
14.04.2010

Специјалната работилница на BMW која до сега се грижеше за класичните модели кои се наоѓаат во историскиот музеј на производителот од Минхен од сега ќе се грижи за класиците на BMW од цел свет.

bmw-classic-center-2010-1

BMW Classic Center го затвора кругот на услуги кои се нудат на сопствениците на класични модели од сите ери на BMW. Сега како и сопствениците на нови модели на BMW и сопствениците на класици ќе можат да го остават својот автомобил во рацете на специјалсити кои работат во фабричкиот сервис.

Причината во отворањето на класичниот центар лежи во зголемениот интерес за класични автомобили и мотоцикли на BMW ширум светот со повеќе од 200 клубови на BMW кои имаат преку 200.000 регистрирани членови.

Од BMW истакнуваат дека ширум светот има околу 600.000 класични модели на автомобили и околу 70.000 модели на мотоцикли за кои тие се информирани. Тоа е доволно за на клиентите да им се понудат сите услуги околу сервисирањето и реставрирањето на овие класици.

Најдоброто во понудата е што во сервисот на BMW ги имаат комплетните технички податоци за сите модели на марката што некогаш биле произведени вклучувајќи ги и мотоциклите.

Ова е од големо значење бидејќи дури и ако одредени делови недостасуваат тие можат да ги изработат во оригинална спецификација што е од исклучително значење за исполнување на автентичноста на моделот.

Дополнително од BMW Classic Center даваат комплетен каталог на делови и компоненти кои се наоѓаат на залиха и кои можат да се изработат по нарачка на интернет страницата www.bmw-classic.com.

Паралелно со отворањето на сервисот на класични модели е отворен и специјализиран сервис за мотоспорт, во кого ќе можат да се реставрираат или одржуваат класичните тркачки автомобили на BMW.

Првите клиенти во класичниот сервис на BMW сe BMW 3.0 CSI од доцните седумдесети и BMW М1 кој е изваден од јунглите во Малезија и е оставен за комплетна раставрација.

Сопственикот на BMW 3.0 CSI сака во неговиот автомобил оригиналниот мануелен менувач да биде заменет со автоматик. Бидејќи оваа комбинација никогаш не се продавала независните сервиси за класици не можеле да ја исполнат неговата желба.

Меѓутоа тоа неважи за BMW Classic Center. Имено во 1972 BMW опремил две купеа со автоматски менувач кои останале во фаза на прототип и никогаш не стигнале до производство.

Сепак, благодарение на отворениот пристап на реставраторите на BMW до базата на податоци на компанијата тие ќе можат да изработат реплика на оригиналниот менувач и да го вградат во купето 3.0 CSI.

Вториот клиент суперспортистот М1 останува во работилницата на BMW Classic Center на подолго време. Автомобилот оригинално му припаѓал на клиент од Малезија во 1970., но бил заборавен во џунглата и се наоѓа во катастрофално лоша состојба.

Реставраторите ќе мораат комплетно да го растурат автомобилот и да сменат голем дел од каросериските панели кои се уништени од корзија. Компонентите кои не се на лагер ќе мораат рачно да се произведат и да се вградатза што исто така ќе биде потребно многу време.

Од BMW проценуваат дека ќе бидат потребни повеќе од 18 месеци за комплетно реставрирање на овој М1. Но, по реставрацијата тие гарантираат дека автомобилот ќе биде оригинален како и кога излегол од фабрика пред четириесетина години.

 

 

 

Facebook