Get Adobe Flash player
BMW сигурно вози со погон напред
18.03.2010

BMW работи на развој на платформа на која ќе бидат поставени модели од пониска класа со погон на пред и со погон на четири тркала, а потврдата доаѓа директно од шефот на компанијата.

bmw-serija-1-2010-1

Норберт Рајтхофер на прес конференцијата на која се обелодeнуваат годишните финансиски резултати за работата на компанијата изјави дека во моментов претежно моделите на BMW се со погон назад, а моделите на Mini со погон напред, но оваа поставеност треба да се смени.

„Новата платформа со погон напред и погон на четири тркала својата премиера ќе ја доживее паралелно со новата генерација на Mini која ќе пристигне во 2014,” наведува шефот за развој на BMW, Клаус Дрегер.

Тој дополнително наведува дека платформата ќе му овозможи на BMW да произведува модели со должина меѓу 3.800 mm и 4.300 mm кои ќе покриваат сегмент од мини автомобили до компакти.

На оваа новоразвиена платформа BMW планира да постави дури 20 модели и нивни варијанти. Новите модели на BMW со погон напред ќе бидат позиционирани под актуелната Серија 1 која и кај својот наследник ќе го задржи погонот на задна оска.

Како што и доликува на BMW сите модели што ќе бидат поставени на оваа платформа ќе бидат од премиум сегментот кој според предвидувањата до 2020 ќе расне за 4 до 6% на годишно ниво.

Одлуките на производителите на автомобили дури и оние од премиум сегментот како BMW и Daimler да се здружуваат и создаваат модуларни платформи е показател за насоката во која ќе се движи автомобилската индустрија во иднина.

Воведувањето на нови построги норми за заштита на животната средина во Европа кои ќе важат од 2012 ги става производителите на автомобили под голем притисок и ги приморува да ги споделуваат меѓу себе инвестициите и производните трошоци доколку сакаат да заштедат пари.

Токму поради наведеното производителите се стремат кон создавање на заеднчки технолошки базени од кои ќе се црпат ресурси за поевтин развој на нови модели. Најнов доказ е најавената алијанса меѓу Renault и Daimler за која веќе пишувавме.

 

 

 

Facebook