Германската патека Нирбургринг, посебно нејзиниот северен
круг наречен Нордшлајфе е една од најкомплицираните, највозбудливите и
најподмолните патеки на светот.
Со овие епитети таа стекна репутација како врвно
достигнување и нешто што мора да се научи за секој возач кој има намера да се
впушти во тркачки води.
Проблемот е што еден круг на патеката се протега на
растојание од повеќе од 20 километри има повеќе од 70 свијоци и бара комплетна
посветеност и максимална концентрација во време траење од околу 8 минути дури и
кога станува збор за најбрзите автомобили.
Сето ова значи дека на еден просечен возач му се потребни
години тренинг додека да стекне доволно искуство за да може да каже дека
конечно ја совладал Нордшлајфе.
Нормално ниту еден возач, доколку не е тркач, нема
доволно време за да се посвети на комплетно совладување на Нордшлајфе. Затоа
доколку планирате да отпатувате до Нирбургринг и да возите на патека потребни
се неколку финти кои BMW ги дава бесплатно.
Всушност баварците даваат комплетен водич за совладување
на Нордшлајфе.
Документот содржи детален текст и анализа за секој свијок
одделно, напатствија дадени од професионални тркачи и сите факти што би требало
да ги зане секој што ќе одлучи да вози на оваа озлогласена патека.
Некои од напатствијата дури содржат детални дијаграми за
тркачката линијата што треба да се избере за да се совлада свијокот, каков е врвот на
свијокот, идеалното место каде треба да се смени степенот на пренос, каде се
зоните на сопирање и најдобрата влезна и излезна брзина за совладување на секој
свијок одделно.
Кликнете тука и симнете го водичот во PDF формат.
|