|
Американската национална агенција за заштита на животната средина EPA ја објави класификацијата на најштедливите, но и на најжедните возила кои се продаваат на пазарот во САД.

Според пресметките на EPA очекувано најекономичен автомобил во САД е најпродаваниот хибрид на денешницата Toyota Prius со потрошувачка од 51 mpg или 4,6 l/100 km на автопат и 48 mpg или 4,9 l/100 km во град.
Затоа Bugatti Veyron е најрастрошниот со 8 mpg – miles per gallon или изминати милји со еден галон еквивалент на 29,4 l/100 km во град и 15 mpg или 15,6 L/100 km на автопат.
Дадените бројки го ставаат Bugatti Veyron на првото место по жедност во класификацијата на ЕPA и на последното место меѓу најекономичните возила на пазарот во САД.
Bugatti Veyron не е единствен меѓу најжедните. Тука влегуваат и Mercedes G55 AMG, Bentley Continental Flying Spur, Rolls Royce Phantom - Phantom Coupe - Drophead Coupe кои бараат по 21,4 L/100 km бензин при возење во град.
Без оглед на растрошноста ниту еден од наведените автомобили, па и оние во табелата не спаѓа во групата најбрз автомобил на светот освен се разбира Bugatti Veyron кому може и да му се прости навиката да претерува со пиење.
|