Хибридниот погон стана ставка без која неможе да се
замисли ниту еден голем производител на автомобили. Неодамнешниот салон во
Франкфурт беше преполн со овие возила.
Тие доминираа на сцената без оглед дали станува збор за
такви чии батерии се полнат со приклучување на електрична мрежа или пак се
работи за хибрид со дизел или бензин.
Уште повеќе хибриди се очекуваат кон крајот на месецов на
салонот во Токио. Но, купувачите не секогаш добиваат ниски трошоци какви
што очекуваат со набавка на хибрид.
Причина за ова е недоманешната анализа на пазарот на
користени автомобили во која стои дека хибридите побрзо ја губат пазарната
вредност отколку автомобилите со бензински мотор.
Иако хибридите и на пазарот на користени сеуште се многу
поскапи од бензинците сето тоа е плод на повисоката цена на нов автомобил.
Според анализата на пазарот во САД едиствениот хибрид кој
по три години има повисока вредност од своите бензински противници е Ford
Escape Hybrid (на фотографијата) со погон на две и на четири тркала.
Honda Civic Hybrid која во САД чини
23.195 долари по 3 години задржува само 58 проценти од вредноста. Но, нејзиниот
бензински противник кој чини 20.105 долари задржува цели 60 проценти од
вредноста за истиот период.
Почетната разлика од 3.090 долари се намалува на 1.575
долари за само 3 години.
Има многу причини за ваква разлика во вредноста меѓу кои пресудна е перцепцијата на купувачите за квалитетот на возилото. Она
што не е вклучено во истражувањето се можните дефекти на батеријата што според
некои е главна грижа кај оние што купуваат користен хибрид.
Но, според истражувачите батериите кај хибридите се
покриени со многу долга гаранција и досега немало пријави за грешка. Токму
затоа овој фактор е исклучен од истражувањето.
Претпоставка е дека општите сфаќања се дека хибридите
имаат неизвесна иднина. Тие се единствената алтернатива за стандардните мотори
со внатрешно согорување, но не се единствената технологија која во моментов се
развива.
Во блиска иднина автомобилската индустрија можеби ќе
профитира од горивни ќелии, хибриди чии батерии се полнат со приклучување на
електрична мрежа односно plug-in хибриди, или користење на водород место
фосилни горива во моторите.
Сето ова го прави сегашниот хибрид реликвија во однос
на технолошкиот развој за иднината на зелено настроената автомобилска индустрија.
|