Get Adobe Flash player
Чопер E85 според визијата на ОСС
30.07.2007
occ-e85Поговорката вели: „Кога си во Рим, прави како што прават римјаните”. Па така момчињата од American Chopper во чест на строгите правила за издувни гасови направија чопер на тема Е85.

Прво што зе забележува на овој мотоцикл е зелената боја која сугерира на почиста планета и издувните цевки кои би требало да асоцираат на очак од фабрика за етанол.

Големото жолто капаче на резервоарот недвосмислено кажува дека мотоциклот се движи со помош на етанол или Е85. Логото Е85 го има и на филтерот за воздух и како тоа да не е доволно тркалата се дизајнирани да асоцираат на ветерница.

Овој кастом чопер е направен со цел да биде понуден на аукција, а парите кои се очекуваат од продажбата коклу 50.000 долари треба да се искористат за промотивна кампања за помасовна употреба на Е85.

 

 

 

 

Facebook